Поранешна полициска инспекторка попладнево е пронајдена мртва во стан во Охрид.
Безживотното тело е пронајдено во стан на улица Сирма Војвода во Охрид – потврдува за „Охрид 1“ портпаролот на ДВР Охрид, Стефан Димоски.
Станува збор за Марија М. која до пред четири години работела како инспекторка во СВР Охрид, а беше отпуштена од службата поради објавување на недолични содржини на социјалните мрежи.
Во моментов се очекуваат резултатите од обдукцијата. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.