Судот во Мјанмар денеска ја осуди поранешната лидерка Аунг Сан Су Чи на уште четири години затвор поради незаконски увоз и поседување воки-токи и кршење на ограничувањата за коронавирус.

Поранешната шефица на државата минатиот месец беше осудена на четири години затвор по две други обвиненија, а казната на крајот беше намалена на две години. Против Аунг Сан Су Чи (76) добитничка на Нобеловата награда за мир се поднесени десетина обвиненија откако армијата ја собори во февруари минатата година.

Поддржувачите велат дека обвинувањата против неа имаат за цел да ја спречат да се врати во политиката.