Штрахе е обвинет дека го фаворизирал сопственикот на приватна виенска клиника во 2017 година поради што е направена и измена на законот за здравствени услуги во приватниот сектор.
Во замена за тоа, на десно-популистичката Слободарска партија на Австрија (ФПО), тогаш предводена од Штрахе, приватниот претприемач Валтер Грабмулер донирал вкупно 12.000 евра.
Грабмулер е осуден на 12 месеци затвор за давање мито, исто така со условна казна.