Тажна и трагична вест ни доаѓа од Турција. Поранешниот фудбалер на Челзи и Њукасл, 31-годишниот Кристијан Атсу е пронајден мртов во урнатините по земјотресот што минатата недела ја погоди Турција.
Веста ја соопшти неговиот агент Мурат Узунмехмет кој на Твитер објави дека фудбалерот од Гана не ја преживеал трагедијата.
Иако се шпекулираше дека Атсу е пронајден само неколку часа по земјотресот, медиумите брзо ја демантираа таа информација. Ден пред земјотресот, фудбалерот од Гана беше единствениот стрелец во победата на Хатајспор над Касимпас во турската Суперлига.
Кариерата ја започна во Порто, од кој во 2013 година беше продаден во Челзи. Во Лондон не играше добро, беше на бројни позајмици, а на крајот беше купен од Њукасл и таму остана од 2016 до 2021 година. Тој во Турција пристигна на почетокот на оваа сезона од Саудиска Ал Раед. За репрезентацијата на Гана настапи 65 пати и во девет наврати беше стрелец.