Според поранешниот градоначалник на Солун Јанис Бутарис името ФИРОМ повеќе не постои и во Грција тоа не се спомнува.

Името ФИРОМ повеќе не постои. Никој повеќе не го користи името ФИРОМ. Некои луѓе го користат името Скопје. Што се однесува до патните знаци, можете да ги видите имињата на градовите кон кои покажуваат знаците. Значи, тоа не е големо прашање. Мислам дека тоа ќе биде решено брзо. Не заборавајте дека во Грција исто така владее епидемија, која е прашање број 1. Така што во овој момент многу не се грижиме за имињата, наведе Бутарис.