– Бидејќи се работи за сексуално кривично дело, наскоро ќе биде одстапна и редигираната жалба, наведе портпаролот Лусијан Чалфен во изјавата испратена по електронска пошта, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролите на Куомо не беа веднаш достапни за коментар.

Куомо поднесе оставка од гувернер на државата Њујорк во август, по 10 и пол години на функцијата.

Неговото заминување уследи по истрагата која откри дека Куомо сексуално вознемирувал 11 жени.

Обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс, кажа дека петмесечната независна истрага заклучила дека Куомо се однесувал на начин што ги прекршува федералните и државните закони.