Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ ќе престојува денеска во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста ја објави службата за односи со јавноста на Собранието на Косово, која соопшти дека Месиќ во 11 часот ќе биде примен од собранискиот спикер, Глаук Коњуфца.

Засега нема инормации за други средби и ативности на поранешниот хрватски претседател за време на престојот во Приштина.

Месиќ беше на чело на хрватската држава од 2000 до 2010 година, а во Косово се цени како еден од најголемите поддржувачи на Балканот на косовската независност.