Како што објави ТВ НОВА, поранешниот министер од владата на Бојко Борисов во моментов е под истрага како физичко лице.
-Можеби ќе треба да се проверат и неговите компании, доколку се утврди несовпаѓање помеѓу приходите и расходите – објави Националната агенција за приходи на Бугарија.
Горанов во Бугарија се поврзува со еден од најголемите олигарси Делјан Пеевски, кој се најде под удар на американскиот закон насочен против корупцијата.