Постои основано сомневање за партиско влијание од СДСМ за вработување на поранешните градоначалници на СДСМ во МВР во 2021 година.

Постои основано сомневање за влијание од пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски за вработување на сопругата во МНР и непријавување на вработувањето во ДКСК за што истиот платил глоба од 300 до 500 евра и приложил уплатница во ДКСК.

Според одлуката на ДКСК станува збор за следнава одлука дека поранешните функционери на СДСМ извршиле партиско влијание за вработување во МВР, а ние ќе ги пренесеме најважните поенти.

Врз основа на член 22 став 1 од Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси (Службен весник на Република Македонија бр. 12/19), член 40 став 3 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет оформен по сопствена иницијатива, Државната комисија за спречување на корупцијата (во натамошниот текст ДКСК), на 85-та седница одржана на 12.04.2023 година ја донесе следната

ОДЛУКА

Постапката по предметот бр. 09-9202/1 од 09.11.2022 година, оформен по сопствена иницијатива после доставено новинарско прашање во врска со извршени вработувања во Министерството за внатрешни работи на поранешни градоначалници и кандидати за градоначалници на Локалните избори одржани во 2021 година, како и вработување на блиско лице на службеното лице – пратеник во Собранието на РСМ, СЕ ЗАПИРА.

ДКСК утврди дека дел од наводите од доставеното новинарско прашање се потврдуваат, но согласно член 71 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК нема надлежност за преземање други мерки за натамошно постапување.

Оваа одлука во деперсонализирана форма да се објави на веб страницата на ДКСК во рок од 5 (пет) дена од донесувањето.

Образложение

Предметот со број 09-9202/1 од 09.11.2022 година е оформен по сопствена иницијатива за постоење судир на интереси во Министерството за внатрешни работи во однос на постапка за вработување на поранешни градоначалници и кандидати за градоначалници на Локалните избори одржани во 2021 година.

Согласно своите надлежности, Државната комисија за спречување на корупцијата се обрати до Министерство за внатрешни работи, со цел прибирање на документи, податоци и информации заради утврдување на фактичката состојба и испитување на наводите од предметот.

Од увидот во документацијата и од информациите добиени од одговорни лица во Министерството, ДКСК ја утврди следната фактичка состојба:
Лицата кои се евидентирани во евиденцијата на вработени лица во Министерството за внатрешни работи, а наведени во барањето на ДКСК се ———— и истите имаат случено Договор со МВР врз основа на законски спроведена постапка од страна на министерството без јавен оглас согласно член 76 став 1 и 3 и член 77 став 2 од Законот за внатрешни работи.

Од ДКСК потенцираат дека вработување во МВР се врши исклучиво со јавен оглас.

Вработувањето во МВР се врши со објавување на јавен оглас согласно член 71, а за работните места кои во актот за систематизација на работните места се утврдени со статус – овластени службени лица, како и за стипендисти на Министерството, вработувањата се вршат без обава на оглас согласно член 76 од Законот за внатрешни работи.

Поради фактот што вработувањата на наведените лица во МВР е без објава на јавен оглас согласно член 76 од Законот за внатрешни работи, постои основано сомневање за партиско влијание од Политичката партија СДСМ, исто така постои основано сомневање за влијание од пратеникот во Собранието на РСМ, Мартин Костовски при вработуването на својата сопруга, во Министерството за надворешни работи, но поради тоа што нема конкуренција и пријави на други кандидати, Државната комисија не е во можност да го утврди потенцијалното влијание и нема законска можност за натамошно постапување и преземање мерки кон наведените лица.

Службеното лице Мартин Костовски, пратеник, во законски предвидениот рок после вработување на член на неговото семејство (сопруга) во државен орган не ја извести ДКСК, со што постапил спротивно на член 756-став 2од 3СКСИ, а казнив по член 105 став 1 алинеја 14 од 3СКСИ.