Избраниците на Драган Бајиќ подобро го отворија натпреварот и постојано беа во водство во првото полувреме, нешто што не успеаја да го валоризираат во позитивен резултат на крајот.
Во првата четвртина водевме и со шест разлика, додека во втората на два пати имавме позитива и од плус осум, за на полувреме да се замине со предност од четири поени.
Украинците тотално се вратија после паузата и веќе во 23. минута за прв пат го презедоа водството на натпреварот и до крај не го испуштија. Резултатот постојано се зголемуваше во нивна корист, за на крај да слават со убедливи 17 поени разлика.
Во селекцијата на Макеоднија имаше голем број технички грешки, кои и тоа како влијаеа на резултатот, а прескромна беше и реализацијата која беше околу 36%.
Бојан Крстевски беше најефикасен во нашиот табор и единствен расположен на теренот со 14 поени, додека на 12 поени застана Џејкоб Вајли.
Ова е втор пораз за репрезентацијата на Македонија, по првиот од Шпанија, додека Украина ја забележа својата прва победа откако претходно загуби од Грузија.