Што се однесува до состојбата со снег и проодноста, нема завеани села и екипите и денеска се на теронт и расчистуваат.
Според градоначалникот на Македонски брод, Жарко Ристески, чекаат информации од ЕВН кога ќе добијат струја жителите од 14-те села во Поречието.
– Во моментов без електрична енергија се 14 села во Поречието, веќе трет ден поради дефектите на далноводот. Од ЕВН ни велат дека екипите се на теренот и се надеваме дека наскоро ќе се отстранат проблемите. Станува збор за околу 400 жители и проблем е што станува збор за старечко население. Проверуваме каква е ситуацијата, досега немаат проблеми со храна, имаат резерви и се надеваме дека наскоро ќе добијат електрична енергија. Инаку, во Македонски Брод се 50 населени места и немаме завеани села. Снег има околу 25 сантиметри, екипшите и денеска расчистуват, во повисоките села може со теренско возило да се стигне. Немаме завеани и отсечени села, изјави Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод.