Сончево и многу топло време со температури до 41 степен Целзиусов се очекува денеска во Македонија. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а попладне, особено во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 35 до 41 степен Целзиусов.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20 степени, а максималната ќе достигне 40 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре и во наредните денови се очекува постепено опаѓање на температурите.
Сепак, попладневните часови ќе носат локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови и за невреме проследено со силен ветер и појава на град.
