Португалските власти денеска побараа помош од Брисел за земјоделскиот сектор, поради сушата што ја зафати државата.

Министерката за земјоделство Марија до Сеу Антунеш изјави дека сувото време влијае на земјоделството и резервоарите за вода, поради што побарала од Европската комисија да го реши проблемот и да и даде поддршка на Португалија.

Метеоролошката агенција ИПМА претходно објави дека во текот на април во Португалија е забележано невообичаено топло и суво време, а досега 90 отсто од копнената површина на земјата е зафатена од суша.

Тешката суша зафати една петтина од територијата на Португалија, двојно повеќе отколку во март и речиси петпати повеќе од една година порано при што особено погодени се североисточниот и јужниот регион.