Поради снимање видео спот денеска, од 7:00 до 13:00 часот, Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улицата „50 дивизија“ во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.