Посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје ќе биде воведен утре во 11 часот, информира секторот за внатрешни работи  Скопје.  Причина е  протест кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија.

Посебен сообраќаен режим во центарот на градот

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулација и пренасочување на сообраќајот. Целта е да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на протестот.

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Апел за почитување на полициските наредби

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност.  Да ги почитуваат наредбите на полициските службеници за да се избегнат можни застои и проблеми во сообраќајот.

Граѓаните се советуваат навремено да ги планираат своите патувања низ централното градско подрачје и, доколку е можно, да користат алтернативни правци.

Извор: Курир