Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре (09.и 10.02.2024) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Посебниот сообраќаен режим е поради најавената официјална посета на делегација предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, информира МВР.