Поради официјална посета на претседателот на Летонија, Егилс Левитс, на државава, од утре до 23 април Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во поширокото централно подрачје на Град Скопје.

-За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, наведува во соопштение МВР.