Високиот комесар за национални малцинства на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Кристоф Камп, денеска ќе оствари официјална посета на Собранието.
Како што е официјално соопштено, високиот дипломатски претставник ќе реализира средба со членовите на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците.
Работната средба во парламентот е предвидено да се одржи во салата на Уставната комисија со почеток во 15:30 часот.
