Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара од ноќеска на полноќ и литар ќе чини 90 денари. Не се менуваат малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, одлучи денеска Регулаторната комисија за енерегетика и водни услуги.
Литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе чини 92,5 денари, 100 денари ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 97 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1).
РКЕ одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 проценти во однос на вчерашната одлука.
-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,317 проценти, кај дизелот намалување за 0,078 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 0,110 проценти и кај мазутот зголемување е за 0,802 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,444 проценти, информира РКЕ.