Според методологијата која РКЕ ја користи за да ги пресмета цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.48%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за 1.00 денари по литар. Соодветно на тоа, еден литар 95-октански бензин ќе чини 72.00 денари, еден литар 98-октански бензин ќе лини 74.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 63.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.