Од вчера, цените на цигарите се зголемени за 10 денари по пакување, што значи дека лица кои пушат по едно пакување дневно ќе плаќаат околу 300 денари повеќе месечно, објави ТВ 21.
Граѓаните реагираат различно – дел велат дека 10 денари не се голем трошок и ќе продолжат да пушат, додека некои сметаат дека цигарите треба да поскапат уште повеќе. „Моите деца пушат, тоа е луксуз, како во западните земји. Пресметајте – 30 дена, син ми пуши една кутија дневно – тоа се 6.000 денари месечно. Јас сум за тоа да се поскапат двојно“, изјави еден граѓанин.
Според информации од пазарот, цигарите на мало се поскапени од 29 септември. Министерството за финансии сè уште не ги објасни причините за зголемувањето, односно дали тоа се должи на промена на акцизите.