Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Со СДС и ДУИ Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата.
Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија. Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош. Доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата. Власта не создаде услови платите да растат и да се генерира реален раст, ја угуши економијата со криминал и корупција. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Евростат ги објави најновите податоци за миниамлната плата во регионот, а Македонија се наоѓа убледиво на дното. Во споредба со останатите земји кандидати нашата држава е со најниска минимална плата од само 327 евра.
Пред нас е и Албанија со минималната плата од 350 евра. Нашиот северен сосед, Србија е 402 евра. Полоша од Македонија е Босна и Херцеговина каде минималецот е под 320 евра.
Луксембург, Ирска, Холандија и Германија се на врвот.
Во продолжение може да ја погледнете табелата.
По Германија, следуваат Франција и Шпанија. Скоро двојно повисока минимална плата се исплаќа во Хрватска (677 евра), тројно во Словенија (1.203 евра).
Инаку власта постојано се фали дека има пораст на минималната плата, а најавено е и нејзино зголемување од следниот месец.
Од друга страна фунционерите ЕНОРМНО си ги зголемија своите плати за 80 проценти, а во меѓувреме протестираат вработените во Фонд за здравство, поради предлогот да им се намали платата за 21 процент.