– По интензивните врнежи и поплави кои ја зафатија нашата територија, како и територијата на целиот регион, веќе од утре конечно кај нас доаѓа првиот изразен африкански топлотен бран кој ќе ни донесе вистинско лето. Следната седмица територијата на Македонија, како и на целиот регион ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од африка. времето ќе биде многу постабилно за разлика од сега и со многу повеќе сонце, објави метеорологот Славчо Попоски.

Вели дека температурите ќе бележат тенденција на голем пораст и максималните дневни температури на повеќе места ќе се искачат и над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до 35 степени.

Во Скопје максималната температура следната седмица ќе порасне до 33 степени. Летната сезона следната седмица може да започне, како и уживањето на граѓаните на плажите. Останува да ја следиме актуелната временска состојба, со тоа ќе знаеме колку точно ќе се задржи топлотниот бран кај нас. Инаку за време на овој викенд и понатаму на повеќе места ќе има врнежливо време, а ќе дува и засилен ветер од северен правец – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.