Жак Морети пуштен на условна слобода

Сопственикот на барот „Le Constellation“ во швајцарскиот ски центар Кран Монтана, каде што за време на новогодишната забава загинаа 40 лица, е пуштен на условна слобода. Судот во Сион наложи Морети да ги предаде личните и патните документи, да не ја напушта земјата, секојдневно да се јавува во полиција и да плати кауција.

На сметката на обвинителството се уплатени 200.000 швајцарски франци, наводно обезбедени од блиски пријатели, а слични услови важат и за неговата сопруга Џесика.

Првичните истраги покажуваат дека пожарот избил откако прскалките ја запалиле пената на таванот. Во несреќата загинаа 40 лица, меѓу кои и малолетници, а 116 лица беа повредени, од кои 80 со тешки изгореници.