Денеска истекува рокот за пријавување на заинтересирани фирми за учество на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје што го распиша Министерството за здравство.
Во мај, операциони сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември“.
Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.