Последна недела од кампањата за изборите во првиот круг

Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска ќе продолжат со своите активности во рамките на изборната кампања за локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври. Во текот на денот се најавени митинзи и директни средби со граѓаните во повеќе општини низ државата.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со средби во неколку општини

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги претстави своите кандидати во општините Росоман, Градско, Лозово и Велес. Од друга страна, СДСМ ќе одржи активности и средби со граѓаните во Богданци, Зрновци, Чешиново-Облешево, Виница и Кочани.

Завршница на кампањата

Последна недела од кампањата за изборите во првиот круг. Кампањата за локалните избори ќе заврши на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг на гласање е закажан за 2 ноември.

Извор: Телма