Српските здравствени власти соопштија дека двајца ученици и наставник кои беа повредени во вооружен напад во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ се добро, како и четворица пациенти кои се повредени во селата кај Младеновац.

Министерката за здравство на Србија Даница Грујичиќ утрово изјави дека три лица повредени од огнено оружје кај Младеновац се во критична состојба, како и двајца ученици повредени во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Другите повредени се постабилни, но и дека двајца од повредените на училиште следната недела ги очекуваат ортопедски операции.

РТС наведува дека девојчето кое беше тешко повредено во училиштето и кое беше сместено на Детската клиника во Тиршова се уште е во тешка и критична состојба, додека двете повредени момчиња кои беа сместени таму во петокот се пуштени дома.

Во средата 13-годишен ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград уби осум ученици и еден работник од обезбедувањето во тоа училиште, а повреди уште шест ученици и еден наставник. Во селата кај Младеновац, 21-годишен маж во петокот уби осум лица, а повреди 14.