Симанатов ја преминал границата со соседната земја минатиот викенд, јави денеска израелскиот јавен сервис Кан.

Емитувани се и снимки од петдневното патување и спасување на Симанатов, заедно со десетици деца и жени.

Тој долго време одбиваше да го напушти Авганистан и покрај заканите, но по целосното повлекување на САД од земјата на крајот на август, притисокот растеше да замине и тој, јави Бета.

Бизнисменот Моти Кахана, кој има израелско и американско државјанство, рече дека одлуката за заминување била под влијание на соседите кои му рекле на Симанатов да си замине и да ги земе своите деца, бидејќи и тие се во опасност.

Кахана води приватна компанија која му помогна на последниот Евреин да го напушти Авганистан.

– Неговиот проблем не се талибанците, туку Исламска држава, Ал Каеда. Во неговиот случај, постојат и други лудаци кои се појавуваат секој ден. Се плаши од нив, рекол Кахана за Кан.