Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното претпријатие за државни патишта за 2022 година. Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај ЈП за државни патишта за 2022 година, се утврдени следните состојби:
– недостаток на системски и аналитичен пристап и недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата, што предизвикува зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба/реконструкција на делниците;
Во делот на клучни прашања, Државниот завод за ревизија известува за изградбата на патната делница Кичево – Охрид врз основа на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци – Штип и патната делница Кичево –
Охрид.
„При тоа истакнуваме дека недостатоците во проектната документација, нерешените експропријации на земјиштето, како и недоволните човечки и технички ресурси од страна на изведувачот, влијаеле на пролонгирање на процесот на изградба и предизвикале дополнителен одлив на финансиски средства над првично договорените.
Во ноември 2013 година склучен е договор меѓу ЈП за државни патишта (Инвеститор) и правен субјект кој е основан според законите на НР Кина (Изведувач) за изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид. Со одредбите од договорот определено е најдоцна до јануари 2018 година да се изгради делница со должина 56,7 km, со вредност од 411 милиони евра (приближно 25 милијарди денари).
Со извршените анализи на документите од деловните книги напретпријатието, укажувањата добиени од надзорниот орган на проектот, како и спроведениот теренски увид, ги утврдивме следниве состојби:
– Во периодот од мај 2018 година до декември 2021 година донесени се пет измени на основниот договор за изградба на патната делница, при што биле склучени анекси кон договорот. Со анексите, пролонгиран е крајниот рок зазавршување на изградбата за 6 години, односно определено е изградбата да заврши до декември 2023 година, а за изведување на дополнителните и непредвидени работи, зголемена е вредноста на основниот договор за 187 милиони евра, поради што вредноста на изградбата на патната делницата изнесува вкупно 598 милиони евра. На таков начин договорената цена на чинење на еден километар патна делница од 7,3 милиони евра, била зголемена за 44% и изнесува 10,5 милиони евра.
– На крајот на 2022 година, вкупните инвестиции во делницата изнесуваат 31.597.364 илјади денари (приближно 512 милиони евра, а истите до ноември 2023 година достигнуваатизнос од 35.490.802 илјади денари (приближно 575 милиони евра).
До крајот на 2022 година, реализацијата на изградбата на патната делница Кичево – Охрид согласно доставените времени ситуации, изнесува 66% од вкупната вредност на склучениот договор или (397 милиони евра), а овој податок заклучно со завршените работи во август 2023 година изнесува 72% (429 милиони евра).
При реализација на договорот за изградба, направени се 42 варијации коишто произлегуваат од измени и дополнувања на Основниот проект поради појавени непредвидени и дополнителни работи и истите предизвикалезголемување на вредноста на основниот договор за 45% (187 милиони евра) и пролонгирање на временскиот рок за изградба на патната делница.
Напоменуваме дека доденот на завршување на ревизијата на прва, втора и четврта подделница на делницата Кичево – Охрид се појавиле 11 нови свлечишта, кои дополнително влијаат на потреба од нови варијации за надминување на состојбите, пролонгирање на рокот на нејзино завршување и исплата на додатни финансиски средства.
– Од спроведениот теренски увид, направените снимања со дрон и доставените извештаи од надзорниот орган, утврдивме дека најголем дел од делницата е трасирана, изградени се 25 вијадукти, при што различни делници се во различна фаза на изградба. На втора делница тунелот Пресека завршена е конструкцијата (примарна и секундарна), во моментот се работи на инсталирање на електрика и вентилација во тунелот. На дел од делницата оставен е градежен материјал, за кој и надзорниот орган во своите извештаи давал препораки за негово отстранување.
Во извештаите како основни причини за забавената динамика за изградба наделницата, покрај недостатоците на проектот се наведуваат: задоцнета експропријација порадинерешените имотно правни односи, како и дополнителна експропријација на земјиштето поради појавена потреба од ублажување на косините на усеците; потреба од дислокација на надземни и подземни инфраструктурни објекти (далекуводи, електро-преносни и комуникациски водови, водоводни и канализациони инсталации), како и индивидуални станбени и стопански објекти кои се совпаѓаат со трасата на делницата;
одобрување на нови одлагалишта на земја, поради очекуван зголемен ископ во усеците и засеците при ублажување на косините кои се нестабилни и недоволен број на технички кадар, механизација и опрема обезбедени од изведувачот (подизведувачите).
Имајќи ја во предвид обемноста и значајноста на проектот патна делница Кичево – Охрид, наведените состојби укажуваат на потреба од поаналитички пристап при планирањето на проектите, поголема подготвеност при започнување и реализација на делници со голема должина, системски пристап и навремено обезбедување на потребната документација за започнување и реализација на проектот.
Исто така горе набројаните недостатоците за проектната документација, нерешените експропријации на земјиштето, како и недоволно обезбедените соодветни човечки и технички ресурси од страна на изведувачот, влијаеле на пролонгирање на изградбата и предизвикале дополнителен одлив на финансиски средства над првично договорените, што не е во согласност со пропишаниот правен стандард за постапување со должно внимание уреден со Законот за трговски друштва“, стои во анализата на државната ревизија на ЈПДП.
Извор: А1он