Последно збогување со актерката Ленче Делова

Драмски театар Скопје ја извести јавноста дека погребот на актерката Ленче Делова ќе се одржи денес на Градските гробишта во Бутел.

Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе ѝ оддадат последна почит од 11:00 часот во капелата на гробиштата, по што ќе се изврши погребот.

Живот посветен на сцената

Ленче Делова е родена на 15 јуни 1948 година во Скопје, а почина вчера на 77-годишна возраст.

Во 1970 година се вработила во Драмски театар Скопје, каде што била професионално ангажирана сè до пензионирањето во 2013 година.

Комеморација во матичната куќа

Од театарот информираат дека јавноста дополнително ќе биде известена за датумот на комеморацијата што ќе се одржи во нејзината матична куќа, Драмски театар Скопје.