Оваа забуна се појави откако на денешната прес конференција на бугарското јавно обвинителство, е кажано дека од автобусот се извлечени 44 тела, а 8 од патниците преживеале.
Претходно се сметаше дека загинале 45 патници.
Името на ал Салех произлегува од списокот кој го добиле роднините на преживеаните во болницата во Софија.
Истото го тврди и синот на едниот возач, кој пак вели дека од официјалниот список кој го објави македонското МНР ова лице недостасува.
Случајот се истражува.