Претстојниот викенд на 13-ти и 14-ти Мај во Македонската филхармонија ќе се одржи 20-тото јубилејно издание на фестивалот на детска песна „Поточиња“. Доаѓаат денови кога дечињата ќе празнуваат, ќе пеат, играат, а нивниот детски џагор ќе биде гласен , полн со радост и смеа.
Редакцијата на Вистина.ком.мк, во очи на овие денови од кои ќе се празнува детската песна, разговараше со извршниот продуцент на детскиот фестивал „Поточиња“, Оливер Пап кој ја открива и возбудата и радоста нако организатор и автор за она штои претстои.
20-то јубулејно издание на „Поточиња“. Кој ќе биде најубавиот подарок за Вас како организатори и творци на фестивалот?
-Најубавиот подарок за нас сите овие години е детската насмевка и детската игра на тактовите на песните од Поточиња. Искрената детска емоција при следењето на фестивалот и слушањето на песните од публиката и задоволството на децата учесници е најголема сатисфакција за нас како организатор на фестивалот и како автори на песни за деца.
Две децении , многу дечиња и многу песнички. Колку најмалите сакаат да застанат на сцена и да пеат на „Поточиња“?
-Интересот на децата за учество на Поточиња е голем. Периодот на подготовки на фестивалот кој трае околу седум до осум месеци е вистински тест за оние најупорните кои на крајот гордо застануваат за првпат на голема сцена и пред многубројна публика.
Целото интервју прочитајте го на ВИСТИНА