Во Прилеп се уапсени три лица под сомнение дека намерно запалиле дива депонија во населбата Тризла. Станува збор за Ф. М. (38) од Битола и М. С. (56) и А. Н. (23) од Прилеп, кои на 24.09.2025 предизвикале пожар, информира Министерството за внатрешни работи.

Тројцата се товарат за кривично дело „Предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Пожарот бил навреме изгаснат од екипите на Територијалната противпожарна единица – Прилеп. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштија од МВР.