Вербален инцидент меѓу сегашен и екс вицепремиер за евроинтеграции се случил денеска пред канцеларијата на ДИК во општината Карпош, каде се собираат потписи за кандидатите за претседател на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, пренесе порталот Експрес.

Откако вицепремиерот Бојан Маричиќ во канцеларијата на ДИК дошол со службено возило од владата, тој на минување се сретнал со екс вицепремиерот Ивица Боцевски по што се случил вербалниот инцидент.

“А, ти за кого се потпиша? Ќе проверам јас …”, го прашал најверојатно на шега Маричиќ екс вицепремиерот Боцевски, на што добил одговор кој го вознемирил Маричиќ по што тој заминал од местото на настанот без да одговори ништо.

“За Силјановска, нормално, за нормалниот кандидат и за кандидатот кој што може да извади лекарско за пресметливост и за нормална психофизичка состојба”, бил одговорот на Боцевски за кој постои можност да биде третиран и како шега но и како сериозен одговор.

Екс вицепремиерот, амбасадорот Боцевски за expres.mk го потврди, но не сакаше да го коментира инцидентот.

Маричиќ претходно грубо го прекршил кодексот кој не дозволува злоупотреба на државни ресурси за партиски цели.