Делегација на Уставниот суд на Бугарија, предводена од претседателката Павлина Панова од денеска до 21 мај ќе престојува во официјална посета на земјава.

– Со желба да ја унапредат билатералната соработка поврзана со работните области, да споделуваат знаења и искуства и да ги зајакнат институционалните капацитети преку соодветна правна рамка, двата уставни суда склучија Меморандум за соработка, соопшти Уставниот суд.

На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Ангел Ангелов.

По средбата во Уставниот суд делегациите од двете земји беа примени на средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Посетата на делегацијата од Уставниот суд на Република Бугарија се реализира на покана на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

– Со оваа посета почнува четвртиот циклус на билатерални средби чијашто цел е размена на искуства и мислења од областа на уставната правда и продолжување на долгогодишната извонредна соработка на сите нивоа помеѓу двата суда, се наведува во соопштението од Уставниот суд.