Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателката на Ресурсниот центар, Радмила Цветковска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи – Центар за обука и Здружението на граѓани – Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.
Овој Меморандум има за цел развивање на меѓусебна соработка во делокругот на обезбедување и промовирање на правата на децата/лицата со попреченост и нивните семејства преку организирање и спроведување на заеднички обуки за постапување и третман на овие лица.
Преку Центарот за обука на МВР ќе се спроведуваат обуки за полициските службеници, со цел соодветно постапување, поедноставен пристап и комуникација доколку при своето работење наидат на деца/лица со попреченост.