Апелот доаѓа откако овој вид почна да се шири низ целиот свет, а се тврди дека е многу позаразен од другите видови на вирусот.
– Луѓето не можат да се чувствуваат сигурни само затоа што ги примиле двете дози од вакцината. Самите вакцини не можат да го забават ширењето на вирусот. Одржувајте физичка дистанца и избегнувајте гужви. Ова е сè уште исклучително важно дури и кога сте вакцинирани, рече др Маријангела Симао од СЗО.
СЗО го издаде предупредувањето во време кога некои земји, вклучително и САД, веќе не се обврзани да носат заштитна маска и додека ги ублажуваат епидемиолошките мерки. Тие одлучија да го сторат тоа затоа што вакцинацијата придонесе за намалување на бројот на заразени и починати.
„Волстрит журнал“ објави на 25 јуни дека речиси половина од целосно вакцинираните возрасни лица во Израел биле заразени со делта сојот. Поради тоа, владата на оваа земја повторно воведе задолжително носење маска во затворен простор и воведе други епидемиолошки мерки. Треба да се напомене дека во оваа земја вакцинацијата се врши исклучиво со вакцини произведени од Pfizer / BioNTech.
Според СЗО, делта сојот е идентификуван во најмалку 92 земји низ светот. Оние кои веќе имаат здравствени проблеми и земји со мал број вакцинирани се изложени на посебен ризик. Претходно беше објавено дека овој вид може да се препознае по неколку симптоми кои се различни од симптомите на другите видови. Сепак, експертите сметаат дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди ова тврдење.