Според надлежните, во моментов постои минимална веројатност под урнатините да има уште преживеани, но потрагата под урнатините ќе продолжи во најтешко погодените провинции од земјотресот – Хатај и Кахраманмарас
И покрај тоа што турските власти најавија дека спасувачките акции по преживеани и жртви завршуваат две недели по разорниот земјотрес кој ја погоди земјата, сепак, потрагата под урнатините и натаму ќе продолжи во двете најтешко погодени области Хатај и Кахраманмарас.
„Во многу од нашите провинции, напорите за пребарување и спасување завршија. Ние ги продолжуваме нашите напори во овој поглед во провинциите Кахраманмарас и Хатај“, рече Јунус Сезер, директор на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Според надлежните, во моментов постои минимална веројатност под урнатините да има уште преживеани.