Пријава за две потонати лица ја алармираше јавноста
Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици е примена пријава за две потонати женски лица во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. Станува збор за девојче на возраст од 16 години и жена на 26 години. Пријавата била поднесена од сестрата на девојчето, која, видно вознемирена, побарала итна интервенција. МВР започна потрага во Вардар.
Ангажирани спасувачки тимови и институции
Набргу по пријавата, доктор од Итната медицинска помош Велес ја потврдил информацијата и побарал активирање на специјализирани екипи за потрага и спасување на вода. Центарот за управување со кризи веднаш ги извести сите надлежни институции. Ангажирани се СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување.
Живот спасен, потрагата продолжува
Од терен, последните информации укажуваат дека екипа на МВР со чамец е веќе на локацијата, а 26-годишната жена е пронајдена жива. Потрагата по 16-годишното девојче продолжува со засилен интензитет.
Извор: Скопје1