Предуслов за отворање вистински политички дијалог во СДСМ е неотповиклива оставка на партискиот лидер Венко Филипче. Ова го истакна Коста Начевски, претставник на внатрепартиската иницијатива „Разговори за иднината во 12:05“. Според него, партијата се наоѓа во сериозна агонија и ризикува натамошен пад доколку веднаш не се спроведат длабоки структурни промени.
„Воспоставувањето внатрешен политички дијалог има еден услов, а тоа е неотповиклива оставка на Венко Филипче“, вели Начевски.
Начевски, кој членува во СДСМ од 1994 година, смета дека досегашниот модел на кадровски пазарења и внатрешни компромиси нема капацитет да ја извлече организацијата од кризата. Тој посочи дека актуелното раководство бележи историски слаби резултати во Скопје, Куманово и Брвеница, доведувајќи го во прашање дури и освојувањето пратенички мандат во шестата изборна единица.
Иницијативата нема за цел да основа нов политички субјект, туку се стреми кон темелно преструктурирање на СДСМ и обединување на прогресивните опозициски сили. Планскиот рок на делување е поставен до април 2027 година, со прецизиран став дека нема да се зема учество доколку дојде до предвремени избори пред тој период.
Според проценките на иницијативата, во гласачкото тело има меѓу 200.000 и 250.000 разочарани граѓани кои не ја поддржуваат актуелната власт, но во исто време не гледаат соодветна алтернатива во сегашното опозициско раководство.
Тој упати самокритика дНачевски се осврнува и на улогата на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, во политичкиот подем на Филипче, како и на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија. Тој смета дека Македонија платила висока цена на евроатлантскиот пат, а за договорот со Бугарија оценува дека не ги подобрил билатералните односи.
ека несогласувањата со политиките водени во периодот од 2017 до 2024 година требало погласно да се артикулираат. Единствен начин за враќање на довербата кај членството и јавноста останува итната промена на партискиот курс и кадровските решенија.
