Ако се земат првиот и вториот круг во предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика, пишува на својата Фејсбук страница потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
-Потребни се брзи избори!! Победивме во 42 општини, плус градот Скопје.Разликата на советничките листи во првиот круг од изборите споредено со СДСМ е повеќе од 55 илјади гласови. Ако се земат првиот и вториот круг во предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика. Власта е делегимитирана и доби црвен картон од народот, затоа се потребни избори веднаш, пишува во својата објава Мисајловски.