Од Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) најавија дека идниот понеделник за проверка во лабораторија во Германија ќе се испратат дополнителни позитивни мостри собрани во последните две недели.

-Ситуацијата со ковид-19 во Косово бележи пад на бројот на нови случаи за 19,11 отсто во споредба со последните две недели, како и на бројот на починати пациенти. Тимовите на ИКШПК постојано ги испитуват и следат сите можни извори со цел да се спречи натамошното ширење на заразата, раното детектирање на случаите и можните импликации по здравјето на луѓето од новата варијанта Делта плус. Иако делта-сојот и натаму е доминантен (79,66 отсто), постои опасност од брзо ширење на новата варијанта Делта плус, се вели во соопштението на Националниот институт за јавно здравство на Косово.