Инцидент сред бел ден во центарот на Куманово
Потврдени се шпекулациите околу денешната престрелка пред Општина Куманово. Во инцидентот е ранет Зекирија Шахини, носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, кој по укажаната прва помош е пренесен на скопските клиники. Настанот се случил претпладнево пред зградата на Општината и предизвика голема вознемиреност кај граѓаните. Тој е надвор од животна опасност, јавува Кумановски муабети.
Детали од полицискиот извештај
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска (07.10.2025) во 13:54 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Димитрије Туцовиќ“ и „11 Октомври“ две лица во движење пукале од огнено оружје кон патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од З.Ш. (43) од селото Слупчане, Општина Липково.
Истражни мерки и состојба на повредениот
Возачот се здобил со повреди и веднаш бил пренесен во болницата во Куманово, по што бил транспортирaн во Скопје за понатамошен третман. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и презема интензивни мерки за пронаоѓање на напаѓачите и целосно расчистување на случајот.