Резултатите од првите седум месеци од 2026 година се уште една потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на подобра поврзаност и развој на Македонија. Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е 535.697 повеќе од истиот период лани. Реализирани се и 16.280 летови, односно 1.295 повеќе во споредба со 2025 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Особено значаен е месец јули, кога и Скопје и Охрид бележат рекордни резултати. Скопскиот аеродром опслужил 408.925 патници, со раст од 29,5%, додека охридскиот 52.544 патници, што е раст од дури 41,2%. Овие резултати значат повеќе туристи, повеќе гости, повеќе работа за туристичкиот и услужниот сектор и дополнителен придонес кон економскиот развој, се наведува во соопштението на владејачката партија.
Бројките се најдобар показател дека политиките даваат резултат.
-Владата продолжува посветено да работи на развој, инвестиции и подобра поврзаност на Македонија со Европа и светот, се посочува во соопштението.
