Педесетгодишен жител на село во близина на Македонски Брод добил 30-дневен притвор поради сомнение дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз 20-годишна девојка со здравствени проблеми од истото село.

Осомничениот М.В. бил лишен од слобода на 31 јули од полициски службеници на ОВР Македонски Брод. Надлежните институции ја продолжуваат постапката за целосно расчистување на случајот.