Венецуелскиот министер за одбрана го осудува „ладнокрвното“ убиство на телохранителите

Во американската операција за апсење на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, голем број членови на неговото личното обезбедување загинаа, изјави венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино.

Тој повторно побара ослободување на Мадуро и го осуди „ладнокрвното“ убиство на неговите телохранители. Падрино не прецизираше точен број на загинати припадници на обезбедувањето.

Министерот го поддржа прогласувањето на потпретседателката Делси Родригез за привремен претседател, врз основа на одлуката на Врховниот суд на Венецуела кој ѝ овозможи да ја преземе власта на период од 90 дена.

Тој додаде дека вооружените сили на Венецуела се мобилизирани низ целата земја со цел да го гарантираат државниот суверенитет.