Поради дефект на главната водоводна мрежа, повеќе делчевски населби вечерва ќе бидат без вода за пиење.
Од Јавното комунално претпријатие информираа дека дефектот е настанат во речното корито на река Габровчица што дополнително го отежнува неговото отстранување.
-Се работи за поголем дефект кој настанал со пукање на цевка на главната водоводна линија, кај речното корито на река Габровчица. Поради тоа што има вода во реката, дефектот не може да се санира вечерва туку екипи ќе почнат со работа во текот на утрешниот ден, истакна директорот на претпријатието Стојче Стојковски.
Ваквите проблеми со функционирањето на водоводната мрежа, како што додадоа од претпријатието, се чести во период на ниски температури заради што апелираа на стрпливост од страна на граѓаните.