Пукањето се случило нешто пред 7 часот наутро по локално време.
Заменик-шерифот на округот Санта Клара, Расел Дејвис, за новинарите изјави дека има повеќе мртви, но дека им треба повеќе време за да ја откријат точната бројка.
Напаѓачот е мртов, додаде Дејвис. Тој рече дека не може да го идентификува пукачот или да потврди како е убиен.
Пукањето се случило во железничко депо, под раковдство на Управата за транспорт на Санта Клара, во близина на главниот градски аеродром, а на неколку лица им била укажана медицинска помош, објави на Твитер градоначалникот Сем Ликардо.
– Напаѓачот повеќе не е закана, а објектот е евакуиран – напиша Ликардо.
Сан Хозе, град со околу милион жители, се наоѓа во срцето на Силиконската долина, која важи за глобален центар за технолошки иновации и е дом на некои од најголемите американски технолошки компании.
Дејвис најави повеќе информации за подоцна.
Локалниот огранок на Еј-би-си њуз објави дека зградата не била отворена за јавноста, па напаѓачот во објектот веројатно го пуштил некој од вработените, а можно е и да провалил.