Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза на Македонците им е дадена на 13.300, лица, на граѓаните на Врање и Србија на 29.510 лица и 9 дози на граѓаните на БиХ, соопшти порталот „Врање њус“.
Што се однесува до втората доза, на македонските државјани дадени им се 11.106 дози, на српските државјани 28.583 дози и на граѓаните на БиХ 12.
Трета доза на некои од вакцините, досега се дадени вкупно на 1.267 лица.
Ако се земат предвид вкупните бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм – вкупно 52.956 пати за сите три дози (прва 26.432 пати, втора 25.470 и трета 954). Потоа следи Фајзер, кој бил даден во вкупно 23.825 случаи (прва доза 12.787, втора 10.752 и трета 286). Рускиот Спутник В даден е во 6.292 дози (прва 3.155, втора 3.110 и трета 27).
Астра Зенека, која не беше достапна долго време, аплицирана е во 932 случаи (455 + 477).
Што се однесува до граѓаните на С.Македонија, во четвртокот во Врање 17 Македонци ја примиле првата доза од некои од достапните вакцини, а втората 16 лица.