Како што јавува Би-Би-Си, сето тоа предизвикало голем гнев кај населението.

Државата Јужна Австралија, каде што живеат 1,7 милиони луѓе, во вторникот се приклучи на државите Викторија и Нов Јужен Велс во однос на воведувањето рестриктивни мерки.

Жителите на Јужна Австралија ќе мора да останат во своите домови седум дена, откако се заразија пет лица.

Според Би-Би-Си, до неодамна, Австралија беше фалена за стратегијата за затворање на границите, карантинските програми и брзите заклучувања, а од почетокот на пандемијата се регистрирани помалку од 1.000 смртни случаи.

Сепак, брзото ширење на многу заразниот сој Делта создаде нови предизвици за земјата и во прв план ја истакна ниската стапка на вакцинација, додава британскиот медиум.

И покрај блокадата на Сиднеј од минатиот месец, градот забележа 110 нови случаи, така што повеќе од 1.300 лица се заразени во последниот бран.

На граѓаните не им е дозволено да ги напуштаат своите домови освен ако одат по неопходни намирници, да вежбаат или имаат важни причини да излезат надвор.

Затворени се и градилиштата, како и продавниците за малопродажба.